Македонија

МНР со упатство за странските новинарите: „Македонски јазик”, „македонска култура”, „македонски народ”… никако „северномакедонски”

Со промената на името од Министерство за надворешни работи вечерва испратија и упатство за странските новинарите во кое се посочува како да се употребува новото име, а дадени се и конкретни примери.

МНР напоменува дека официјалното име на земјата е Република Северна Македонија, односно Северна Македонија, државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, официјалниот јазик е македонски, а кодовите за земјата се МК и МКД.

Придавката “македонски” треба да се користи кога се поврзува со етничкиот и културниот идентитет на народот, нашиот јазик, историја, култура, наследство, територија и други атрибути. Ваквите термини во овој контекст се разликуваат од оние што се користат и се поврзани со регионот на Македонија во Грција.

Како погрешни зборови што не треба да се користат се споменува „северномакедонец” во повеќе форми.

Точни примери: Македонски јазик; Македонска култура; Македонска територија; Македонски народ; Македонска историја, македонски планини; Македонска литература; македонската кирилица; Македонска храна; Македонските цркви итн.

Неточни: “Северно Македонец”, “Северна Македонка”, “Н. Македонец “и” Северна Македонија”, не треба да се користат.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни