Македонија

Осквернавени 14 гробови во струшко село, полицијата трага по сторителот

Осквернавени 14 гробови во струшко село, полицијата трага по сторителот
Фото: 4news.mk

Полицијата презема интензивни мерки за откривање на сторителот откако на гробиштата кај црквата „Св. Богородица“ во струшкото село Боровец биле оштетени 14 гробови.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 30 јули во 18:30 часот во Полициското одделение во село Велешта.

При увидот било констатирано дека на вкупно 14 гробови се оштетени мермерните надгробни плочи, со што е извршено нивно осквернавење.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот и работат на целосно расчистување на случајот. По неговото документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни