Македонија

МНР стапи во контакт со семејството на починатиот македонски државјанин во Бугарија

МНР стапи во контакт со семејството на починатиот македонски државјанин во Бугарија

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, веднаш штом доби информација за починат наш државјанин, С. С. во Република Бугарија, преку Амбасадата на Северна Македонија во Софија, стапи во контакт со надлежните органи, од каде доби првични информации за случајот.

Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава, и истите се соодветно информирани за случајот.

Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата.

За деталите на случајот јавноста ќе биде благовремено известена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни