Македонија

МНР за ТВ21: Не е поставена нова табла, само се отстранети дел од буквите

Од кабинетот на министерот за надворешни работи Никола Димитров, за ТВ21 велат дека на зградата на министерството не е поставена нова табла, туку само се отстранети дел од буквите.

Како што велат од таму, според Договорот од Преспа, кој стапи на сила по уставните промени и со оглед на тоа дека според уставот, новото име на државата е Република Северна Македонија, буквите со кои беше испишано Република Македонија на македонски и англиски се отстранети. Тоа е направено согласно договорот.

Нова табла не е поставена, бидејќи се уште трае тендерската постапка која оди преку владината служба за општи и заеднички работи. Кога ќе бидат поставени новите табли, со новото име на државата, тогаш ќе бидат поставени на македонски, албански и англиски јазик.

Инаку, тендерската постапка за избор на компанија која ќе ги изготвува таблите завршува на 2 април.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни