И македонската естрада е во неверување по трагичната вест која попладнево пристигна од Хрватска. Масимо Савиќ веќе не е со нас, но неговите песни ќе живеат уште долго.
Тој веќе имаше закажано и концерт во февруари во Скопје, каде требаше да го промовира проектот „Вјештина бутик“.
Од него се прости Бобан Милошески од „Авалон“, организаторот на концертот.
„Мојот пријател Масимо не може да умре. Тој само замина да шири добрина и да пее и моќно и од срце. Како само тој може на некое друго место. Овде даде премногу од себе засекогаш“, рече Бобан.