Овој црвен плод е вистинска ризница и во себе содржи витамини А и Ц, калциум и ликопен, најмоќниот антиоксиданс кој го смалува ризикот од малигни заболувања. Сто грама домати содржат само 18 калории, па совршен е за диета. Оваа диета трае 5 дена, а можете да ја повторите после 2 дена пауза.
За време на овие пет дена, нормално морате да заборавите на слатки, бел леб, млечни производи со висока масленост, а предност ќе треба да им дадете на рибата, пилешкото месо, овошјето, зеленчукот и на интегралните житарки.
Смеете да користите маслиново масло, а од зачините сол, бибер и ароматични билки. Секое утро потребно е да пиете чаша со млака вода на празен стомак, а задолжителни се најмалку четири оброка дневно.
Ова се правилата кои морате да ги следите при исхраната, а покрај тоа што ќе загубите неколку килограми, зависно од вашиот метаболизам, ќе го исчистите телото од токсини.
Предлог за појадок:
Интегрално печиво, парче немасно сирење и еден домат
2 лепчиња на тост намачкани со маргарин и 2 парчиња шунка
200 грама јогурт со ниска масленост помешан со лажица мед и 2 лажици житарки
Прв ден
Ручек: домати со сирење
Измешајте 300 грама домати со 200 грама свежо сирење со ниска масленост. Одозгора полијте една лажица маслиново масло и зачинете со босилок. Со салатата каснете и 30 грама интегрален леб.
Ужина: 100 грама овошје по избор
Вечера: тестенини со сос од домати
Два моркови исечете ги на крукчиња и динстајте ги со малку маслиново масло. Потоа додадете 50 милилитри пилешка супа и динстајте уште пет минути. Во тавата додадете 450 грама исечкани домати, посолете и додадете половина лажичка мед. Оставете сосот да се крчка на тивок оган околу 15 минути. Сварете 100 грама тестенини и полијте ги со сосот.
Втор ден:
Ручек: грчка салата
Исечкајте една главица црвен кромид, два домати и една поголема краставица. Прелијте ја салатата со маслиново масло и зачинете ја по вкус. Одозгора додадете неколку коцки сирење. Со салатата каснете 30 грама интегрален леб.
Ужина: шолја црно кафе и две бисквити
Вечера: супа од ослич
Две главици црвен кромид динстајте ги со малку маслиново масло и додадете два поголеми домати, кои претходно сте ги олупиле и исечкале на резанки, коцка за супа од зеленчук и половина литар вода. Кога супата ќе се свари, додадете сечкани парчиња од филети ослич и варете уште 20 минути. Зачинете по вкус.
Трет ден
Ручек: омлет
Исечкајте 100 грама шампињони и 300 грама домати и динстајте ги со малку маслиново масло. Кога водата ќе испари, додајте две јајца и убаво измешајте.
Ужина: 2 моркови
Вечера: телешко со домати
Испечете едно парче телешко месо, од 125-150 грамови. Во друга тава динстајте една исечкана главица црвен кромид и два домати, потоа додадете го и месото и оставете ги заедно на оган уште 15 минути.
Четврт ден
Ручек: ладна салата
Во блендер ставете 300 грама исечкани домати, една пиперка, краставица, една лажица маслиново масло, две чешниња лук и две парчиња тост искршен на парчиња. Ставете сол и бибер, изладете го и потоа уживајте.
Ужина: сендвич со домати
Вечера: полнети домати
Издлабете три домати и ставете ги во еден сад. Помешајте 100 грама свежо сирење, 125 грама недоварен ориз, малку босилок, исечкан домат и кромид, па со смесата наполнете ги доматите. Печете ги 20 минути на 200 степени Целзиусови.
Петти ден
Ручек: италијанска салата
Едно парче тост и 400 грама домати исечете ги на парчиња и измешајте ги. Додадете малку марула, полијте ја салатата со две лажици маслиново масло и оцет и зачинете по вкус.
Ужина: овошна салата со мед и мента
Земете едно киви и едно јаболко и исечкајте ги на коцки. Во нив додадете една лажица мед и зачинете ја овошната салата со еден лист од мента.
Вечера: паприкаш
Една главица црвен кромид исечкајте ја ситно и динстајте ја заедно со 200 грама компир, исечкан на коцкички, четири моркови исечкани на крукчиња, 100 грама печурки и малку праз. Зачинете, а потоа додадете 100 милилитри супа од зеленчук и 250 милилитри сок од домати. Оставете го на оган уште 15 минути.