Министерството за образование и наука соопшти дека средствата за ученички и студентски стипендии за тековните четири, односно три месеци, веќе се префрлени на постојните и новите корисници.
„Од сега, исплатата на стипендиите ќе се врши редовно. Финансиската поддршка е клучна за ученичките и студентските генерации, бидејќи не само што го олеснува образовниот процес, туку и ја стимулира мотивацијата за постигнување подобри резултати. Министерството продолжува да биде посветено на младите, а со блиска и конструктивна соработка, се стремиме да го унапредиме студентскиот и ученичкиот стандард“, се наведува во соопштението од Министерството.