Македонија

МОН ги објави конечните резултати од матурата: Просечна оценка 3,66, министерката Јаневска задоволна од успехот

МОН ги објави конечните резултати од матурата: Просечна оценка 3,66, министерката Јаневска задоволна од успехот

По завршувањето на процесот на разгледување на приговорите, Министерството за образование и наука (МОН) ги соопшти конечните резултати од јунската матурска сесија.

Вкупниот просек од сите три типа матура изнесува 3,66. Гледано по категории:

  • Државна матура: просечна оценка 3,62
  • Државна стручна матура: просечна оценка 3,91
  • Државна уметничка матура: просечна оценка 3,59

Јаневска: „Објективни резултати кои ја покажуваат подготвеноста“

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изрази задоволство од постигнатите резултати, истакнувајќи дека тие се на исто ниво со ланскиот просек од 3,69, а забележуваат и значаен нагорен тренд во однос на 2024 година, кога просечниот успех изнесувал 3,26.

„Ценам дека ова се објективни резултати поради подготвеноста на сите вклучени во организирањето на матурата“, нагласи Јаневска.

Статистика за јунската сесија

За полагање на екстерните испити во јунската сесија биле пријавени 14.587 матуранти од генерацијата 2025/2026 година, од кои:

  • 12.184 полагале државна матура
  • 2.276 државна стручна матура
  • 127 државна уметничка матура

На испитите не се појавиле 348 ученици, што претставува 2,39% од вкупниот број пријавени кандидати. Оваа година за првпат матурантите полагаа три различни типа матурски испит.

Според статистиката за избор на предмети, најголем интерес бил забележан за англискиот јазик, кој го одбрале дури 13.208 ученици. Покрај него, матурантите имаа можност да избираат меѓу математика, германски, француски, руски и италијански јазик, како и историја за учениците од уметничката насока.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни