Мон Сен Мишел – град среде море

„Ремек дело на природата, што стои помеѓу земјата и небото, меѓу континент и океан, каде што плимата и осеката се менуваат толку брзо како галопирачки коњ” – вака Виктор Иго го опиша овој извонреден град со восхитувачка римска архитектура. Мон Сен Мишел (Планината на Св. Михаил) е мало гратче кое се наоѓа на карпест остров на 1 км од северниот брег на Франција, во устието на реката Couesnon во регионот Долна Нормандија.

Изградбата е започната дури во далечната 709 година. Во 1874, Мон Сен Мишел е прогласен за историски споменик и е под заштита на UNESCO. Неговата популација брои околу 41 жител од кои повеќето се свештеници.

Неговото настанување се поврзува со легендата која вели дека Архангел Михаил му се појавил на бишопот Аберт велејќи му да изгради манастир на карпа. Тој пак, константно го игнорирал ова негово привидение сè додека Михаил не му ја изгорел главата со својот прст. Тоа било моментот кога се решило да се изгради овој прекрасен град.

Еве уште неколку слики за да се долови неговата уникатност и единство со природата:

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.