„Монструм“ имало комуницирање преку Фејсбук, сведочи експертот на МВР за дигитална форензика

Се консултираат со какви докази ќе се бранат на наредното судско рочиште.
Резултат на ова е тоа што денешната седница беше прекината веднаш по сведочењето на вештаците на МВР, кои пред 6 години вршеле анализа на материјалните докази за време на истрагата за случајот “Монструм“. На почетокот на денешното рочиште, првиот експерт, вработен во единицата за крим-техника во МВР, рече дека во овој случај, на 17 април 2012 година извршил анализа на трагите на отпечатоците во возилото “Фиат Пунто“.

„За анализа испративме 2 отпечатоци, од кои едната беше од дланка  на една рака и беше поприфатлива за анализа, но по влегувањето во систем, ништо не беше идентификувано“. Вештак по крим-техника

Се вчитува...

Од одбраната велат дека повторувањето на овие докази го одолговлекува процесот без потреба и бараат од специјалните обвинители да ги објават нивните докази со цел што побрзо да се стигне до разрешница случајот.

„И во овие докази кои се повторуваат, излегуваат нови елементи. И по денешното рочиште при појавувањето на новите елементи, обвинителството за организиран криминал не побара детали во врска со временскиот период кога биле пронајдени овие интернет комуникации меѓу обвинетите.  Ова е суштински пропуст бидејќи не се знае кога биле испраќани пораките, пред или по прекршокот“, изјави Насер Рауфи, адвокат.

Вториот вештак, од Одделот за дигитална форензика на МВР, го објасни вештачењето од компјутерите и другите  уреди на обвинетите. Тој рече дека е должен да ја потврди содржината на електронските комуникации, кои се однесуваа на подготовка на обвинението за тероризам. Експертот по дигитална форензика рече дека тогаш биле земени делови од компјутерите на Ќани Азири, Хаки Азири, Фејзи Азири, Имер Демири, Агим Исмајловиќ, Исмир Асани и 12 други лица.

„Во компјутерот на Агим Исмајловиќ се пронајдени текстуални фрагменти од интернет комуникацијата остварена преку Месенџер, СКАЈП и ФЕЈСБУК“ – Експерт по дигитална форензика.

Семејствата на четирите убиени лица и рибарот рекоа дека повеќе нема да присуствуваат  на судските рочишта, бидејќи тешко ги поднесуваат.

Во врска со петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година,на  доживотна затворска казна беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Лута.  Врховниот суд во декември минатата година ги укина овие пресуди и случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство. Случајот “Монструм” во февруари оваа година започна од почеток и сè уште е во процедура на сведочење. Следното рочиште за случајот е закажано за 10-ти декември.

Репортер: Аднан Ќаили

 

Извор: ТВ21