Свет

Морав да се кријам зад мојот автомобил – очевидец ги опишува експлозиите во Киев

Морав да се кријам зад мојот автомобил – очевидец ги опишува експлозиите во Киев

Руските сили со експлозии погодиле фабрика за оружје во главниот град на Украина.

Кирил Кирило (38), работник во продавница за поправка на автомобили во градот, изјави за Ројтерс дека видел три експлозии како погодиле индустриска зграда преку патот, предизвикувајќи пожар кој на крајот бил изгаснат од пожарникарите.

„Зградата беше во пламен и морав да се сокријам зад мојот автомобил“, рече тој, покажувајќи на искршеното стакло и парчиња метал кои што биле расфрлани од запалената зграда преку улицата.

Руското Министерство за одбрана во петокот предупреди дека ќе ги интензивира нападите врз главниот град „како одговор на какви било терористички напади или саботажи извршени од националистичкиот режим во Киев на руска територија“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни