Морето во Турција се повлече повеќе од 200 метри, граѓаните стравуваат дека тоа е поради земјотресот

По серијата земјотреси во Санторини, морето во Измир и многу други места долж брегот на Егејското Море се повлекоа повеќе од 200 метри, објавија турските медиуми.

Морето се повеќе се повлекуваше од 8 февруари, а денеска се повлекуваше за повеќе од 300 метри во областа Чешме и во пристаништето Алакати, а нивото на водата во областа Дикили и во Бодрум падна за повеќе од половина метар, оставајќи зад себе многу заглавени чамци, пишува Anadolu Agency.

Иако граѓаните ги вознемири поврзувањето на оваа појава со земјотресите на Санторини, експертите тврдат дека морската вода се повлекла поради силниот северен ветер и дека тоа е природен процес. Д-р Доган Јашар изјави дека морската вода се повлекла поради силниот северен ветер кој достигнува налети и до 60-70 километри на час.

Јашар нагласи дека повлекувањето нема врска со земјотресите во Егејското Море, велејќи дека нема причина за страв.

И раководителот на Одделот за водни ресурси на Универзитетот во Мугла, д-р Џејхун Озчелик, рече дека последниве денови е забележливо повлекување на морето долж бреговите на Медитеранот и Егејското Море. Озчелик изјави дека земјотресите не се причина за оваа појава и дека нема потреба од паника кај граѓаните.

На брегот кај Мармарис поради повлекувањето на морето се создале неколку нови острови, а морето се повлекла и на плажите Узуњали и Ичмелер.

Морето се повлече на околу 100 метри од брегот во Силиври кај Истанбул, во областа Баликесир и во Дидим.

Забележано е дека со повлекување на водата, на плажата се формираат острови од песок.

Оваа појава, според проценката на експертите кои посочија дека причина за повлекувањето на морската вода на Дарданелите и на брегот на Анадолија е силен северен ветер и треба да трае до среда.

Меѓутоа, Чагла Кубат, инструктор по сурфање во Алакати, за Анадолија изјави дека овој пат е позабележително повлекувањето на водата, што се случува речиси секоја година.

Таа рече дека оваа недела се откажани тренинзите поради повлекување на водата и дека се чека водата да се врати на претходното ниво.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното