Рускиот претседател Владимир Путин смета дека подобрувањето на руско-турските односи е лично постигнување на турскиот претседател Ердоган и целиот вложен труд од негова страна.
На денешниот состанок меѓусебно се нарекоа драги пријатели, нагласувајќи ги блиските врски меѓу нивните земји и важноста на регионалната стабилност.
Путин кажа дека Москва и Анкара ќе продолжат со имплемантација на главните билатерални проекти и соработки при регионалните безбедносни прашања и барањето решенија за сириската криза.
Еродган пак истакна дека добрите односи меѓу Русија и Турција позитивно влијаат на безбедноста на Блискиот Исток и најави зајакнување на билатералната соработка во повеќе сфери, вклучително и во одбраната, културата и економијата.