„Моцарт куглите“ спасени од Хајди

Компанијата „Салцбург чоколади”, произведувач на оригиналните „Моцарт кугли” која пријави несолвентност, ќе биде спасена. Ваквата промена доаѓа откако фирмата „Хајди чоколади“ одлучила да ја купи.

Две недели откако произведувачот на „Моцарт кугли“ пријави стечај поради намалени приходи предизвикани од коронавирус пандемијата, семејството Хармер кое е сопственик на „Салцбург чоколади“ го предаде делот на новиот инвеститор.

Новиот сопственик сега треба да изработи план за санација, кои ќе мора да содржи и мерки за рационализација, но од компанијата се надеваат дека тоа ќе пројде без намалување на вработените кои во моментов се 130.

Ликвидноста на фирмата е осигурана со добиен кредит.