Мозаик од искази и телефони во затвор: Истрагата за судијата почнала од колеги судии на Ѓоко Ристов во Апелација

Случајот со осомничениот апелационен судија не е резултат на надворешна пријава, туку потекнува од самото срце на судството. На денешниот брифинг, од Обвинителството открија ексклузивни детали за тоа како се плетела мрежата околу судијата – истрагата започнала пред точно една година, и тоа по наводи пријавени од негови колеги, судии во Апелација.

Обвинителите истрагата ја опишуваат како сложување на „мозаик“, кој морал внимателно да се гради за да се дојде до објективна слика и цврсти факти.

FOTO 4news.mk Ислам Абази

Сведоци тврделе: Адвокати ни вршеа влијание

Клучен момент во истрагата биле сведоштвата кои почнале да пристигнуваат.

  • Се појавувале сведоци кои отворено зборувале дека врз нив се вршело влијание од страна на адвокати.
  • Сомнежите оделе дотаму што се истражувале влијанија дури и врз предмети во рамките на самото обвинителство.

Телефоните во затворите како доказ

Голем пробив во истрагата е направен благодарение на соработката со затворските служби и модерната опрема.

FOTO 4news.mk Искра Хаџи Василева

„Се појавуваат телефони на затвореник или затворската служба ни посочува. Имаме опрема во затворите која ни дава поголеми можности“, велат од Обвинителството.

„Кај нас корупцијата е пораширена“

Од Обвинителството признаваат дека најтешкиот дел е справувањето со моќни фигури. Кога се истражуваат луѓе со влијание, постои голем ризик информациите да протечат пред да се реализира акцијата.

„Кога тргнувате кон луѓе со влијание, јасно е дека дел од наредбите стигнуваат и до тие лица. Така функционира високата корупција во светот, ама кај нас е малку повеќе раширена

Тие појаснуваат дека морале да бидат исклучително внимателни со мерките, бидејќи секоја наредба што поминува низ „повеќе раце“ носи нови предизвици и ризик од компромитирање на истрагата.