Високи руски и американски претставници следната недела ќе разговараат во Саудиска Арабија за да се подготват за потенцијална средба меѓу лидерите на двете земји, пишува Блумберг, повикувајќи се на извори.
Како што се посочува, средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, на која ќе се разговара за крајот на конфликтот во Украина, би можела да се одржи пред крајот на месецот.
Целта е да се одреди датум пред почетокот на светиот месец Рамазан во март, објаснува изворот. Повеќето Европејци сè уште не се известени, рече друг извор.
Се очекува учество на претставници од Украина.
„Украина никогаш нема да прифати договор склучен зад наш грб, без наше учество“, рече Владимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција.
Претставници на Саудиска Арабија ги поканија претставниците на САД, Русија и Украина во Ријад, преговорите ќе ги свика советникот за национална безбедност Мусаед ал Ајбан, пишува Блумберг.