Можната причина за пожарот во Грција е неисправен кабел за струја

Инспекторите се сомневаат дека неисправен далновод е можната причина за најтешкиот пожар оваа година, во кој една жена загина недалеку од Атина, а изгореа дури 10.000 хектари земја, соопштија денес извори блиски до истрагата.

Пожарот, кој започна на 11 август, започна во шумата во близина на градот Варнавас, на 35 километри од главниот град, а за само еден ден се прошири во северните предградија на Атина, пренесува Ројтерс.

Властите ги испрашувале жителите на Варнавас во рамките на истрагата за причините за пожарот. Еден 76-годишен маж изјавил дека пожарот можел да го предизвикал дрвен столб пред неговата куќа на кој бил лабаво прикачен електричен кабел.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното