МТСП: Привременото затворање на објектот за згриживање деца и детска заштита „Ташко Караџа“ во скопската населба Радишани, поради појава на морбили

Министерството за труд и социјална политика ве информира дека во следните 15 дена објектот „Ташко Караџа“ во состав на ЈОУДГ „11 Октомври“ во Општина Бутел  нема да згрижува деца, поради поголемен број заболени деца од морбили.

Забраната стапува на на сила веднаш, а е издадена од Комисијата за заразни заболувања и надлежната епидемиолошка служба. Денеска во 17 часот се прави вонредна дезинфекција на објектот „Ташко Караџа“, а МТСП ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата со заразната болест.

Се вчитува...

Исто така, Министерствто за труд и социјална политика ќе даде препорака за вонредна дезинфекција во сите установи коишто згрижуваат деца од предучилишна возраст.

Извор: ТВ21