Министерот за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и неговиот унгарски колега, Петер Сијарто, попладнево во Будимпешта потпишаа акциски план за размена на експертиза.
Планот предвидува соработка со Унгарската дипломатска академија за обука на јавни службеници во области како што се европската интеграција, административните процеси на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика.
Настанот се одржа во рамки на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија.