Македонија останува посветена на зајакнувањето на пријателските и добрососедските односи со Србија, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упатувајќи честитка за изборниот успех на Студентската листа на предвремените парламентарни избори во соседната земја.
Во објава на социјалната мрежа „Х“, Муцунски им посака успех на претставниците на Студентската листа во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.
Тој упати честитки и до граѓаните на Србија за, како што наведе, успешно спроведените парламентарни избори.
Муцунски нагласи дека унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете земји е од заеднички интерес и претставува важен придонес за иднината, стабилноста и просперитетот на регионот.