Македонија

Муцунски на билатерална средба со холандскиот колега Берендсен на маргините на НАТО Самитот во Анкара

Муцунски на билатерална средба со холандскиот колега Берендсен на маргините на НАТО Самитот во Анкара
Фото: Ј. Пауноски / 4NEWS.mk

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Холандија Том Берендсен. Средбата се реализираше во билатералната соба на македонската делегациј за време на првиот ден од Самитот на НАТО што се одржува во Анкара.

Во фокусот на разговорите помеѓу двајцата министри биле европските интеграции на државата и реформскиот процес кој претстои на патот кон полноправно членство во ЕУ. Била истакната важноста на принципиелната поддршка што ја добиваме од Холандија во остварувањето на оваа стратешка цел.

Соговорниците размениле мислења и за севкупната билатерална соработка, при што беше изразена подготвеност за нејзино дополнително унапредување во повеќе сфери од заеднички интерес.

Осврнувајќи се на актуелните безбедносни предизвици, Муцунски и Берендсен го реафирмираа цврстото сојузништво и партнерство во рамките на НАТО, нагласувајќи го значењето на единството на Алијансата во зачувувањето на глобалниот мир и стабилност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни