Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека не очекува резолуцијата да има негативно влијание врз евроинтеграциите на земјата.
-Искрено не очекувам! Факт е дека сојузници некогаш по однос на некои прашања може и да не се согласуваат, но факт е дека дента по оваа резолуција кога САД и Франција беа на спротивставени страни, претседателот Макрон отиде во Белата куќа кај претседателот Трамп и кажа дека Франција и САД секогаш се на вистинската страна на историјата, вели Муцунски.