Муцунски: Нема да има мигранти во Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во фејсбук статус остро ги демантираше шпекулациите дека Владата или Министерството склучиле договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти.

„Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти. Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера,“ порача Муцунски.

Тој истакна дека ваквите шпекулации се неосновани, штетни и служат исклучиво за дневнополитички поени. „Наместо ширење лажни вести, очекуваме сите политички чинители да се држат до фактите и да покажат минимум одговорност,“ додаде министерот.

Муцунски нагласи дека ваквите изјави се израз на непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. „Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка, а не на шпекулации и сензационализам,“ посочи тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.