Муцунски: Планот „А“ е полноправно членство во ЕУ и од тој план државата нема да скршне!

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со австралиската колешка Беате Мајнл-Рајсингер вели „планот А е полноправно членство во ЕУ и од тој план државата нема да скршне и нема никаква дилема околу нашата посветеност кон европскиот пат, она што го очекуваме од Унијата е предвидливост, односно билатералните прашања да останат билатерални и не прифаќаме решение по секоја цена“, порача шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со неговата австриска колешка Беате Мајнл-Рајсингер“.

Муцунски на прашање за пораките од претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта државава да се фокусира на планот А и оти на средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова рече дека предлогот уставни измени со одложено дејство е неприфатлив за бугарската страна, повтори дека нашата стратешка цел за полноправно членство во ЕУ, државава постојано ја докажува со конкретни чекори.

– Ние сме прва земја во регионот којашто потпиша Партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ, нешто што сега во актуелниот контекст се покажува како многу значајно. Земја лидер согласно став на високи претставници на ЕУ во делот на имплементација на Реформската агенда која е интегрален дел од Планот за раст. Значи, ние на дело покажуваме дека план А е полноправно членство во ЕУ, рече Муцунски.

Тој вели како држава од Брисел очекуваме предвидливост и билатералните прашања да останат настрана од процесот на пристапување и оти се во постојана комуникација и со претставници на ЕУ, на змеји-членки, како и со претставници од Бугарија, при што некои средби се формални, а некои се неформални.

– Бараме решение коешто ќе ни обезбеди предвидливост напред кон членството, почит за нашето достоинство и идентитет, очекување дека и земјите членки на ЕУ ќе ги почитуваат оние принципи поврзани со малцински права, коишто очекуваат ние да ги почитуваме. И во тој контекст, доколку сите сме посветени кон европскиот пат, верувам дека секогаш ќе може да се најде рационално решение коешто ќе биде прифатливо не само за нас како Влада, туку и за сите граѓани кои живеат во државава, посочи Муцунски.

Министерот нагласи дека како Влада не се подготвени да прифатат концесии кои државата ќе ја стават повторно во оваа состојба како што е сега.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното