Македонија

МУЦУНСКИ ПО СРЕДБАТА СО ВАРНС: Се подготвува нов стратешки дијалог во Вашингтон

МУЦУНСКИ ПО СРЕДБАТА СО ВАРНС: Се подготвува нов стратешки дијалог во Вашингтон

Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил средба со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс, на која биле потврдени блиските билатерални односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Како што информираше Муцунски преку социјалните мрежи, на средбата се разговарало за продолжување на активностите во рамки на стратешкиот дијалог, како и за подготовките за неговото второ издание, кое следниот месец ќе се одржи во Вашингтон.

Во фокусот на разговорите била и економската соработка, со акцент на можностите за нови инвестиции, како и на реформите во областа на владеењето на правото и демократијата.

Соговорниците размениле мислења и за регионалната улога на Северна Македонија како фактор на стабилност, но и за актуелните глобални предизвици, вклучително и состојбите на Блискиот Исток.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни