Муцунски: Стоиме со нашите американски сојузници во соочувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток

Стоиме со нашите американски сојузници во соочувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, напиша министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

„Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата секогаш е првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици.

Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака.

Во исто време, нашите амбасади и конзуларни тимови низ регионот активно се ангажирани и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и давајќи ја целата неопходна конзуларна помош“, вели Муцунски во својата објава на Икс мрежата.