Македонија

Музиката ечи, вработените во Водовод си слават – граѓаните останаа пред заклучени врати во работен ден!

Музиката ечи, вработените во Водовод си слават – граѓаните останаа пред заклучени врати во работен ден!

Водовод ги заклучи вратите за граѓаните, ама затоа ги отвори прозорите за музика и добро расположение, јавува Сител телевизија.

Граѓаните кои денеска отидоа да си ги платат сметките останаа пред заклучени врати.

Тие ги побарале и телефонски операторите, но велат дека никој не им кренал и дека веројатно и тие слават.

„Стварно не ми е јасно, се знае работно време… Истото треба да се почитува, значи ние граѓаните ги плаќаме, а они си прават циркус“, вели граѓанка.

Сител побарале објаснување за денешниот инцидент, но од Водовод им било одговорено дека благајничките каси биле затворени во 12 часот.

Истото било поради навремено сложување и предавање на финансиските средства во банка.

Од таму додаваат дека корисниците можат да ги користат апаратите за плаќање, во Дирекција, ГТЦ или Корисничкиот центар на ЈП Комунална хигиена, како и електронските сервиси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни