Македонија

МВР го пронајде украденото возило на Итната медицинска помош Кочани

МВР го пронајде украденото возило на Итната медицинска помош Кочани

На 03.12.2022 околу 03.40 часот во Полициската станица Кочани, од Општа болница Кочани било пријавено дека од кругот на болницата било одземено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска помош Кочани.

По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни