Извештајот ќе биде разгледан и анализиран од обвинителите. Се очекува да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби.
Во тетовското јавно обвинителство пристигнал извештајот од МВР, односно од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, од увидот што беше направен на местото на пожарот во тетовската модуларна болница.
Извештајот ќе биде разгледан и анализиран од обвинителите. Се очекува да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби.
Форензичките извештаи и анализите на вештачењето се при крај, изјави премиерот Заев. Очекува, тие да бидат објавени час поскоро.
Ред е да се објави тој извештај, за да можам и јас да го кажам својот став по понудените оставки од министерот Филипче, заменик-министерот и од директорите на тетовската клиничка болница, истакна Заев.