Македонија

МВР излезе со детали за страшната сообраќајка кај „Бриколаж“

МВР излезе со детали за страшната сообраќајка кај „Бриколаж“

Денеска (10.12.2022) околу 06,10 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. Киро Глигоров се случила сообраќајна несреќа.

Според пријавеното, Б.С. (53) застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа што му пукнала гума, по што со друго возило дошол да му помогне Н.С. (29) од Скопје.

Според пријавеното, додека се обидувале да ја променат гумата во нив удрило патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Л. (18) од Скопје, кој го напуштил местото на настанот, но потоа се вратил без возилото.

На местото на настанот починал Б.С., а Н.С. е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Возилото „форд фиета“ е пронајдено на бул „АСНОМ“. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни