Министерството за внатрешни работи (МВР) за 4NEWS потврди дека одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презел мерки и дејствија по инцидентот поврзан со осветувањето на полициските возила.
Според соопштението, утврдено е дека постапувањето на вклучените полициски службеници било спротивно на правилата и прописите на МВР, по што биле изречени дисциплински мерки согласно Колективниот договор за полициските службеници.
МВР потенцира дека продолжува со примена на строги професионални стандарди и дека сите постапки се водат во рамките на законските прописи.
Фотографиите на социјалните мрежи на кои се гледа поп како извршува верски обреди во присуство на полициски службеници, предизвикаа голем број реакции во јавноста.

