Канал 5 ТВ објави видео на кое се гледа како ученик малтретира наствничка. Според телевизијата се работи за настан кој се случил во октомври 2019 год, нападнатата професорка е со иницијали Б.С. , а директорка во тоа време била лицето О.К., која според изворот, не превземала соодветни мерки!
Од телевизијата велат дека никој, никаде и никогаш не го пријавил овој случај, додека пак од МВР велат дека по објавата на видеото, СВР Велес сега работи на расчистување на случајот.
На разговор во полиција денеска повикан бил и актулениот директор на училиштето, но тој за Канал 5 вели дека се иззема од одговорност, бидејќи тогаш бил само настваник.
Во станица повикани биле и тогашната доректорка, како и малтретираната наставничка и учениците што се гледаат на снимката, а МВР повеќе информации најави по расчистување на случајот.