МВР со детали: Уапсени две лица во Чаир поради лажно претставување како набљудувачи

Од МВР информираа дека две лица, Ф.Е. (35) и Н.Е. (44), се приведени денеска во двор на основно училиште на подрачјето на Чаир во Скопје, поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на нивниот идентитет.

Лицата не биле вклучени во изборниот процес, но се претставувале како набљудувачи и се наоѓале во дворот на училиштето. Тие одбиле да се легитимираат при контролата од страна на службениците.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.