МВР со потврда: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница

Регионалниот ценатар за гранични работи Југ го расчисти настанот од 23-ти овој месец кога во периодот од 14,00 до 20,00 часот од страна на непознато лице беа оштетени и поместени граничните камења помеѓу Македонија и Грција.

По преземени мерки констатирано е дека сторител на кривичното дело „ оштетување туѓи предмети“е Б.М.(36) од с. Гермијан, Битола. Во полициска станица извршен е разговор со Б.М. и тој го признал кривичното дело.

Се вчитува...

Во координација со Основното јавно обвинителство Битола и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Извор: ТВ21