МВР со предупредување за возачите: Ограничен режим на сообраќај на овој дел од автопатот!

Денеска (01.02.2025) на автопатот Петровец – Скопје, клучка Кадино, во 10 часот во организација на Министерството за внатрешни работи се изведува симулациска вежба. Поради тоа, на овој дел од автопатот ќе има ограничен режим на сообраќај.

„Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното