Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, во координација со отсеците за компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана полициска операција на територијата на државата.
Според неофицијални информации, во тек се претреси на седум локации, при што полицијата прибира докази поврзани со кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, казниво согласно член 193-а од Кривичниот законик.
Во рамки на акцијата се очекува да бидат одземени компјутерски уреди и дигитални податоци кои ќе послужат како доказен материјал во понатамошната постапка.
Според информациите, едно од лицата опфатени со претрес е Б.К. од Струга, за кого постојат информации дека е претседател на бугарското здружение „Струмичка петорка“, а воедно е и водител на подкаст.
Според истите извори, Б.К. се поврзува со Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“, на кого му е изречена забрана за влез во Македонија.