Од МВР за 4NEWS соопштуваат дека информации за преминување на државната граница, односно влез или излез од државата, можат да се достават исклучиво по официјално барање од надлежна институција во рамки на законски утврдена постапка, или по писмено барање поднесено лично од засегнатото лице, согласно важечките законски прописи за заштита на личните податоци и правата на граѓаните.
– Во врска со конкретниот случај во изминатите денови, МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја информираа јавноста со сите информации што до овој момент можат да се споделат, а што не ја нарушуваат тековната постапка, велат од Министерството.

