Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7 лица за „Лотарија“ ќе суди Билјана Шуплиновска-Јовевски

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7 лица за „Лотарија“ ќе суди Билјана Шуплиновска-Јовевски

Кривичниот суд го прифати поднесеното обвинение за предметот поврзан со Државна лотарија каде обвинет е Артаб Гууби и други 8 лица. Првото рочиште е закажано за 24 август во 10 часот, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

На сите обвинети им се става на товар кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 5, во врска со став 4 и став 1, како и член 22 од Кривичниот законик.

Од Кривичниот суд наведуваат дека предметот, преку системот за автоматска распределба, е распределен кај судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

Судењето е насрочено за 24 август во 10 часот.

Од Судот дополнуваат дека, со оглед на тоа што Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен предлог, согласно член 470 став 4 од Законот за кривична постапка, мерката притвор може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на предлогот до завршувањето на главната расправа.

Според соопштението, тоа значи дека мерката притвор може да трае најдолго 60 дена сметано од денеска, 13 август.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни