Македонија

На 25 октомври ги враќаме стрелките еден час назад – почнува зимското сметање на времето

На 25 октомври ги враќаме стрелките еден час назад – почнува зимското сметање на времето

Кон крајот на октомври повторно ќе преминеме на зимско сметање на времето. Според актуелниот распоред на Европската комисија, стрелките на часовникот на 25 октомври ќе се поместат еден час наназад – од 03:00 на 02:00 часот.

Промената ќе означи враќање на зимското сметање на времето, кое според важечките правила се применува во последниот викенд од октомври.

Во меѓувреме, летното сметање на времето во 2027 година е предвидено да започне на 28 март, кога часовниците ќе се поместат еден час нанапред. Летното сметање ќе трае до 31 октомври 2027 година.

Сепак, објавениот распоред не значи дека практиката на поместување на часовникот двапати годишно е загарантирана до 2031 година. Доколку Европската унија во меѓувреме усвои нови правила, промената може да биде укината и порано.

Прашањето за укинување на летното и зимското сметање на времето со години е предмет на дебата во Европската унија. Европскиот парламент во 2019 година поддржа предлог за прекин на сезонското поместување на часовникот, со првична намера тоа да се спроведе од 2021 година.

Сепак, процесот е одложен бидејќи земјите-членки не постигнаа договор околу тоа дали треба да се задржи летното или зимското сметање на времето.

Според правилата што се применуваат и во Македонија, летното сметање започнува во последниот викенд од март, кога во 02:00 часот стрелките се поместуваат на 03:00 часот. Зимското сметање започнува во последниот викенд од октомври, кога стрелките од 03:00 се враќаат на 02:00 часот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни