Бернард Ботинг од Англија има 98 години и на лотарија освоил околу 795 илјади евра.
Бернард и неговата сопруга Дорис одлучија заедно да играат на лотаријата Postcode пред неколку години.
Неговата сопруга починала пред пет години во длабока старост, но тоа не го спречило Бернард сè уште да се надева на голема победа.
Вдовецот од Барнам повторно си ја проба среќата и одигра три карти. Старецот веројатно не очекувал да победи со овие тикети не само еднаш, не двапати, туку три пати.
„Бев зачуден кога ми го дадовте првиот чек, а потоа добив уште два плика со истиот износ. Мојата сопруга би била воодушевена“, рекол 98-годишниот маж.
Парите од лотаријата во никој случај нема да ги задржи за себе, туку ќе ги подели со семејството, како што се договорил со сопругата додека била жива.
веројатно најголемиот дел оди на неговата ќерка, која особено го поддржуваше последните години, пренесува N1 Загреб.
Воен ветеран, Бернард служел со години во вооружените сили за време на Втората светска војна.
