Пејачката Наташа Беквалац едвај дочека повторно да излезе на бината, а неодамна и имаше промоција на својата нова песна.
Сега таа открива што и се случило една минута пред излегувањето на бина.
Таа на својот Инстаграм профил објави хит видео и објасни зошто доцнела.

Имено, непосредно пред излегувањето на сцената, сестрата на Наташа, Кристина Беквалац, сакала да го затегне фустанот, а со тоа тој пукнал и се искинал.
„5 минути пред 21 часот… Кристина Беквалац доби нервен слом, но веднаш потоа излезе борец – зеде игла и конец и ја реши работата. Извинете што доцнев, овој изговор не може да се отпише, но може да се покаже”, напиша таа.

