Македонија

На Билјанини извори во Охрид 20 годишник фатен со кокаин

На Билјанини извори во Охрид 20 годишник фатен со кокаин

На 29.07.2023 година во 00,50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, од слобода е лишен С.А.(20) од Скопје. При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин додека во неговото возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, пронајдена е Марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.07.2023 година во 22,50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, лишен од слобода е А.Д.(27) од крушевското село Борина. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана и Кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни