На денешен ден пред 39 години односно на 28 септември 1985, подрачјето на Демир Капија беше погодено од силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Ова е најсилниот земјотрес кој се случил во ова подрачје, а во блиската околина на епицентарот, кој се наоѓал на 11км североисточно од градот Демир Капија, земјотресот имал максимален интензитет од 7 степени според ЕМСЅ-98, а со нешто послаб интензитет бил почувствуван и во останатите делови од државата.

Ова бил земјотрес кој предизвикал големи материјални штети: паднати оџаци, пукнатини во ѕидовите итн, а можело да се разгледуваат и бројни промени во природата како појава на пукнатини во почвата, одрони, ликвифакција, избивање на вода и сл.
Од овој земјотрес па до денес, ова подрачје нема изразена сеизмичка активност, односно сеизмичката активно