На државно земјиште во Струга нелегално наплатува паркинг и никој не му може ништо

Во центарот на Струга нелегално се наплатува паркинг. Физичко лице узурпира државно земјиште, самоволно го обележал просторот и спротивно на законот наплатува 100 денари за паркирање.

Нема фискална сметка, нема регистрирана дејност, но речиси една година заработува на црно.

„Овде ќе платиш. Дај ми фискална ќе платам. На црно ќе платиш. Какви фискални не ми требаат, видео од граѓани испратено до медиумите за нелегална наплата на паркинг.

Револтирани граѓани случајот го пријавија во полиција од каде е извршен увид, на терен излегоа и инспекциските служби.

„Имаме изречено мерка по закон за нерегистрирана дејност и решение за забрана за вршење дејност во траење од 30 дена“, вели Шпенди Илјази раководител на пазарен инспекторат Струга во телефонска изјава за МТВ.

Надлежните поднесоа пријави и казни, но лицето не се откажува од јавниот простор и натаму нелегално наплатува паркинг.

Колку е за наплата? Цел ден 100 денари. Колку? 100 денари цел ден.

И покрај забраната за вршење на нерегистрирана дејност и натаму продолжува нелегалното наплатување на паркинг.

Стружани реагираат, велат самоволието на поединци во градот трае со години, а институциите се немоќни да стават крај. Од општина Струга велат комуналните инспектори биле на терен и изрекоа преставка, од полицијата велат ќе биде поднесена соодветна пријава.

Соња Рилковска

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното