На социјалната мрежа Фејсбук деновиве се појави нова измама преку која граѓаните се мамат дека „Пошта“ наводно нуди можност за купување на недоставени или изгубени пратки по цена од 850 денари. Објавата е претставена како официјално соопштение од АД „Пошта на Северна Македонија“.
Во сомнителната објава се наведува дека Поштата „нуди посебна можност“ за купување изненадувачки пакети што наводно останале неподигнати од клиентите. Лажната понуда тврди дека по симболична цена од 850 денари граѓаните можат да купат пакети кои би содржеле технолошки уреди, телефони, козметика, облека, предмети за домаќинството и други производи. Дополнително, се наведува дека „понудата важи 10 дена“, со што измамниците се обидуваат да создадат чувство на итност.
Граѓаните се предупредуваат да не оставаат лични податоци, да не уплаќаат пари и да пријават сомнителни линкови.
Исто така, граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност, бидејќи ваквите измами сè почесто ја таргетираат јавноста со цел финансиска добивка и злоупотреба на лични податоци.