Димитар Ковачевски околу менувањето на уставот, кажа дека е оптимист дека на крајот нема да недосрасуваат пратеници за уставните измени.
„Не фалат пратеници за владата или за мене, туку зa државата да влезе во ЕУ. На крајот нема да недостасуваат пратеници за уставни измени“, рече Ковачевски, притоа не образложувајќи како ќе успее да го смени ставот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ.
„11 години владата на ДПМНЕ проба да има алтернативно сценарио за економски раст, и што постигна? Ништо. Имале инвестиции, еве ги гледаме, се распаѓа стиропорот во Владата, половина подруми се попладени, театарот протекува, остануваа спомениците, дека еден споменик бил плаќан 10 кратно повеќе од што вреди. Социјална зграда која ја пуштивме пред извесно време, чини колку еден лав на мостот Гоце Делчев. Тие работи не ги сакаат граѓаните, туку членство во ЕУ“, рече Ковачевски.
