Македонија

„На Македонија и е потребна една изборна единица“, вели Поповска од ДОМ во „10 минути“ на ТВ21

„Сите кои бевме присутни на вчерашната тркалезна маса се согласивме едногласно дека на Македонија и е потребна една изборна едница и отворени листи, како и еднаква застапеност на жените и мажите“, вели пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Таа додава дека веќе се подготвува предлогот и за 10-тина дена ќе биде доставен до Собранито по што треба да се најде на пленарна седница, на која ќе се расправа, а потоа и гласа.

Поповска е оптимист дека овие законски измени може да се направат до закажаните пролетни предвремени избори.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни