На Мицкоски не му паѓа на памет за оставка, и најави: „Владата на Заев нема да преживее долго“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека новата Влада нема да преживее долго и дека истата ќе падне пред истекот на нејзиниот мандат со протести од граѓаните. Тој рече дека ќе му се спротивстави на овој владин состав и дека СДСМ ја чека жешка есен.

Се вчитува...

Мицкоски рече дека не му паѓа на памет да даде оставка од позицијата лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа тој даде до знаење дека залудни се барањата на иницијаторите кои три недели бараат негова оставка нарекувајќи го виновник за поразот на изборите на 15 јули. Мицкоски рече дека би бил кукавички чин токму во ваков момент да си поднесе оставка.

Иницијатива за вонреден конгрес не се постигна во партијата, рече Мицкоски, а за новинарите ја објасни формата и начинот на свикување вонреден конгрес во ДПМНЕ.

По изјавата на Мицкоски дека не му паѓа на памет да даде оставка, реагираа од Иницијативниот одбор од каде што бараат оставка од лидерот на ДПМНЕ. Во нивното соопштение се вели дека во оваа ситуација виновен е токму Мицкоски за тоа што Заев добил втор мандат. За Мицкоски освен новинарите прашање имаше и една госпоѓа која Мицкоски ја покани во партијата за да ја сослуша нејзината мака.

.

Извор: ТВ21