На некого му се брзало: Бебе се роди во такси во Црна Гора!

Мајка роди бебе во такси на пат кон болница во Никшиќ, Црна Гора.

Според информациите, таа почувствувала болки и се упатила кон болницата.

По пристигнувањето, веднаш биле згрижени, а бебето, тешко 2.330 грама, е во одлична состојба.

„И мајката и бебето пристигнаа во болница со такси. Веднаш по приемот беше пресечена папочната врвца и беа завршени сите други постпородилни процедури. Бебето е одлично, тешко 2.330 грама при раѓањето“, потврдија во болницата во Никшиќ.

Храбрата мајка од Никшиќ, која на необичен начин го донесе на свет своето бебе, има 27 години.

Сличен случај се случи и во Македонија пред четири години, кога жена од Велес се породи во такси пред болница, и папочната врвца беше пресечена во возилото.