Македонија

На паркинг во Кисела Вода пронајдено починато лице, телото предадено на обдукција

На паркинг во Кисела Вода пронајдено починато лице, телото предадено на обдукција

Македонската полиција информира дека вчера во 11 часот и 30 минути во секторот за внатрешни работи во Скопје е добиена пријава за починато лице.

Според информациите, на паркинг на подрачјето на општина Кисела Вода во Скопје починала 67 годишната Д.С од Скопје.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.

Фото: Илустација/Архива

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни